Директорката на УЈП, Сања Лукаревска е избрана за заменик претседател на СДСМ на денешниот конгрес на партијата, тврдат извори од партијата за „Скопје1.мк“. На влегување во партиското седиште, Лукаревска за „360 степени“ само кратко рече дека очекува се да помине во најдобар ред на партискиот конгрес.
На местото на Коста Петров и Мухамед Зекири како потпретседатели најверојатно ќе бидат Фатмир Битиќи и министерот за здравство Венко Филипче.
Заев ѝ се заблагодари и на Радмила Шеќеринска, која била покрај него во најтешките моменти. Шеќеринска, како заменик претседател на партијата, веќе најави дека ќе се повлече од оваа функција бидејќи „не е од оние луѓе кои припаѓаат на некоја партија само поради функцијата“.
Заев на денешниот Конгрес, кој поради пандемијата со Ковид-19 се одржува онлајн, пред сопартијците рече дека партијата е успешна и државнички успеси. Тој се пофали со досегашните успеси – дека ги покачиле платите, пензиите, социјалната помош, обезбедиле поврат на дел од ДДВ, ја укинале радиодифузната такса и изградиле преку 500 километри патишта.