Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Лукашенко не штедеше пофалби за Трамп: Импресиониран сум, велат дека Трамп сака ласкање, но тоа не е мојата намера

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryv3cg2dfgigin4xViLX3

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера во Минск оствари средба со американскиот специјален пратеник за Белорусија, Џон Коул. На почетокот од средбата, Коул го поздрави Лукашенко со зборовите „Ми е драго што ве гледам“, на што белорускиот претседател одговори: „И мене исто така“.

— реклама —

Лукашенко му честиташе на Коул за неговото именување за специјален пратеник на САД за Белорусија, нагласувајќи дека со тоа станува клучна личност за односите меѓу двете земји. Тој побара од Коул да му пренесе порака на американскиот претседател Доналд Трамп дека оваа средба ги обврзува двете страни на конкретни резултати. „Кажете му на господинот Трамп дека ова нè обврзува да постигнеме одредени резултати. И ние ќе го сториме тоа“, изјави Лукашенко за време на разговорот.

— реклама —

Белорускиот претседател позитивно ги оцени и последните потези на Трамп, истакнувајќи дека бил силно импресиониран од неговите неодамнешни активности. „Велат дека Трамп сака ласкање, но тоа не е мојата намера. Морам да кажам дека навистина бев импресиониран од неговите последни чекори“, рече Лукашенко, додавајќи дека светот се менува многу брзо и дека се појавуваат нови проблеми за кои е неопходно да се разговара и да се бараат решенија.

— реклама —

Поголемиот дел од средбата меѓу Лукашенко и американскиот пратеник се одржал зад затворени врати, без дополнителни детали за содржината на разговорите.

— реклама —

Претходно, во средата, Лукашенко на седница на Советот за безбедност на Белорусија повторно ја нагласи улогата на Доналд Трамп во обидите за постигнување мирно решение за војната во Украина. Тој оцени дека, без оглед на обидите на дел од јавноста да ја минимизира улогата на Трамп, американскиот претседател работи сериозно на запирање на конфликтот. „Неговите изјави нема да поминат незабележано. Тој сака да ја запре војната за да спречи луѓето да гинат. Може околу тоа да се крева врева и да се зборува што било, но што може да се каже против она што Американците денес го прават“, изјави Лукашенко.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

(Видео) Трамп не ја исклучува воената интервенција на Куба: „Сакам да го решам прашањето пред да заминам“

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 1 ден

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања