Луксембург ќе биде првата држава во светот која на своите жители ќе им овозможи целосно бесплатен јавен превоз. Плановите за оваа мерка ги претстави владата на премиерот Ксавиер Бетел, а тие предвизуваат од идното лето возењето со воз, трамвај и автобус да биде бесплатно.
Вториот мандат на Бетел почна пред некој ден, а суштински дел од неговата предизборна кампања беше заштитата на животната средина, па ова е еден од првите конкретни чекори во тој правец.
Градот Луксембург има околу 107.000 жители, но поради работа секојдневно до градот патуваат околу 400.000 луѓе од соседните земји. Тоа во Луксембург создава навистина голем сообраќаен метеж, еден од најлошите во Европа. Парите потребни за воведување бесплатен јавен превоз делумно ќе се обезбедат со укинување на даночните олеснувања за луѓето што работат во Луксембург, а живеат надвор од него.