Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Лувр повторно затворен поради штрајк, вработените бараат подобри услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library47r82fb1fuba1MXDqZA

Музејот Лувр во Париз денеска повторно ги затвори вратите за посетителите, по четврти пат откако дел од персоналот започна мобилизација кон средината на декември, барајќи подобри услови за работа, соопшти институцијата. Најпосетуваниот музеј во светот се соочува со еден од најдолгите социјални спорови во својата историја, и покрај повеќекратните преговори со француското Министерство за култура и управата на музејот.

— реклама —

На утринското општо собрание, најмалку 300 вработени гласаа за продолжување на штрајкот што започна на 15 декември, со цел да се укаже на недостигот од персонал и на разликите во платите во однос на другите вработени во рамки на Министерството за култура, информираа синдикатите CGT и CFDT.

„Она што ни е потребно е јасна политичка волја овие разлики во платите да се надоместат без одложување“, изјави Кристијан Галани за агенцијата АФП, додавајќи дека очекува министерката за култура Рашида Дати да остане на својот збор, откако ги оцени барањата на штрајкувачите како легитимни. Според него, доколку барањата се навистина легитимни, тие мора да бидат разгледани пред министерката да ја напушти функцијата за да се кандидира за градоначалник на Париз.

— реклама —

Претставничката на синдикатот CFDT, Валери Бо, изјави дека раководството на Лувр испратило прв нацрт-предлог за подобрување на условите за работа, но вработените го оцениле како недоволен.

Од почетокот на мобилизацијата, музејот бил принуден целосно да се затвори трипати, а во уште три наврати работел со ограничен пристап за посетителите. Кон средината на јануари, управата на Лувр ја процени загубата на приходи на најмалку еден милион евра.

Дополнителен товар за институцијата претставува и кражбата од 19 октомври минатата година, кога од музејот бил украден накит од 19 век во вредност од околу 88 милиони евра, кој сè уште не е пронајден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydp2o1s4498re5745HQ7

Германија без јавен превоз: 100.000 работници на дводневен штрајк

Свет | пред 2 седмици

media-libraryos8abgrvi4kn4uZP2Ct

Масовен штрајк на медицинските работници во Германија

Свет | пред 1 месец

media-libraryc4bt3eodmi9b52DFsaq

Тридневниот штрајк го парализира железничкиот сообраќај во Белгија

Свет | пред 3 месеци

posta

2.000 вработени оставени на цедило: Врие во Македонски пошти, најавени протести и штрајкови

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања