Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Масовен штрајк на медицинските работници во Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryos8abgrvi4kn4uZP2Ct

Универзитетските болници во Германија денеска беа зафатени од серија штрајкови во рамки на најновиот бран синдикални активности поврзани со спорот за платите во јавниот сектор. Портпарол на синдикатот Верди информира дека штрајкови се одржуваат во 22 болници, додека протести има и во повеќе градови низ земјата.

— реклама —

Од синдикатот нагласуваат дека итната медицинска помош и клучните здравствени услуги и понатаму се обезбедуваат за граѓаните. Во Универзитетската болница во Јена, во источната сојузна покраина Тирингија, околу 300 вработени стапиле во целодневен штрајк, а медицинските сестри, лабораторискиот и техничкиот кадар, како и други вработени, излегоа на улиците за да го изразат својот протест.

Штрајковите се одвиваат во услови на заострување на несогласувањата околу платите на вработените во германските сојузни покраини. Верди и Германското здружение на државни службеници бараат зголемување на платите од седум проценти, со минимално покачување од 300 евра. Работодавачите ја одбија понудата, а синдикатите ги обвинуваат дека не изнеле алтернативен предлог.

— реклама —

Синдикатот најави штрајк и на универзитетите за утре, при што вработените на универзитетите и во истражувачките институции ќе им се приклучат на протестните акции во повеќе од 60 германски градови. Најавени се и дополнителни предупредувачки штрајкови сè до третиот круг преговори, кој треба да се одржи од 11 до 13 февруари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydp2o1s4498re5745HQ7

Германија без јавен превоз: 100.000 работници на дводневен штрајк

Свет | пред 2 седмици

media-library47r82fb1fuba1MXDqZA

Лувр повторно затворен поради штрајк, вработените бараат подобри услови

Свет | пред 1 месец

media-libraryc4bt3eodmi9b52DFsaq

Тридневниот штрајк го парализира железничкиот сообраќај во Белгија

Свет | пред 3 месеци

posta

2.000 вработени оставени на цедило: Врие во Македонски пошти, најавени протести и штрајкови

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања