Промени тема
Контакт

Мачевски вели дека му е нарушен угледот: Врзувањето јагне е традиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20220206114850

Со своја реакција се јави и сточарот Александар Мачевски од беровско кој е автор на видеото со врзаното јагне. Тврди дека станува збор за традиција и дека не бил прашан како втора страна при пренесувањето на информацијата.

— реклама —

-Во врска со вашиот натпис за Инспектор што малтретира јагне. Ве известувам дека снимката е лична и приватна направена во мојот дом како традиција што ја правиме секоја година кога ги продаваме јагнињата. Се свири песната „Изгубеното јагне“ и се донесува јагне како адет и традиција и мора да биде врзано. Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, мачено и заколено и после песната е пуштено кај неговата мајка затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година. Со вашиот натпис ми го нарушување угледот на мене лично и на моите гости. Доколку не се повлече и избрише натписот приморан сум да преземам правни дејствија, напиша во реакција Мачевски на својот ФБ профил.

— реклама —
— реклама —

Тој таму постираше и повеќе фотографии од неговата сточарска активност со коментар „Еве како нашето семејство макотрпно заработува една корка леб, а социјалните мрежи го ОЦРНИЈА НАШЕТО СЕМЕЈСТВО кое одгледува 20 години секаков вид на животни.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања