Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Мадона ги врати голите фотографии, откако Инстаграм и ги избриша

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
glavna-politichari-1

Поп-пејачката Мадoна пак ги објави голите фотографии за кои вели дека „Инстаграм“ и ги избришал без претходно да ја предупреди. Таа обвини за сексизам и јавно праша зошто не им пречат машките брадавици. Таа на најновите фотографии ја покажа својата гола брадавица.

— реклама —

„Повторно ги објавувам фотографиите што ‘Инстаграм’ ми ги отстрани без предупредување или известување. Причината за отстранувањето што им ја кажале на моите менаџери, кои воопшто не управуваат со мојот профил, е тоа што ми беше откриен мал дел од брадавицата“, рече Мадона.

— реклама —

„Благодарна сум што успеав да го одржам здравиот разум во четири децении цензура, сексизам и мизогинија. Ова е совршено во склад со лагите во кои бевме воспитувани – да веруваме во приказните за аџиите што мирно кршеа леб со Индијанците кога дојдоа во Плимут Рок. Господ да ја благослови Америка“, рече таа по што за разлика од претходо овој пат доби голема поддршка од фановите.

— реклама —

„Така е, драга Мадона. Треба да може да ги покажат своите тела“, и напишал еден фан.

За потсетување, кога Мадона првиот пат ги објави фотографиите, многу од нив и напишаа дека треба повеќе да се занимава со правење на квалитетна музика, отколку да објавува голи слики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања