Промени тема
Контакт

Мадуро и сопругата се изјаснија за невини, им се закануваат најмалку 50 години затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarysg32rpfbia6l0UWb02m

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се изјаснија дека не се виновни по новите обвиненија во САД, кои ги товарат за учество во заговор со цел мачење политички противници, пренесува „Ројтерс“.

Двајцата денеска се појавија пред федералниот суд на Менхетен во Њујорк, каде што судијата Алвин Хелерстајн ги сослуша нивните изјаснувања. Новите обвиненија, поднесени минатиот четврток, значително ја прошируваат постапката против 63-годишниот Мадуро и неговата 70-годишна сопруга. Претходно, двајцата се изјаснија дека не се виновни за обвиненијата поврзани со злоупотреба на функцијата за помагање на шверцери со дрога при транспортот на кокаин.

Мадуро, кој на судењето беше донесен во бежова затворска облека и со окови на глуждовите, рече дека обвиненијата се лажни и дека веќе биле изнесувани претходно.

— реклама —

„Се запознав со целата содржина, судијо Хелерстајн. Целосно го отфрлам овој документ“, изјави тој. Судијата го прекина додека зборуваше и нареди во записникот да биде внесено дека се изјаснил за невин.

И Флорес ги отфрли обвиненијата, изјавувајќи: „Целосно сум невина. Не сум виновна“.

— реклама —

Според обвинението, Мадуро и неговата сопруга не се обвинети дека лично мачеле политички противници, туку дека учествувале во заговор за нивно мачење. Доколку бидат прогласени за виновни по сите точки, на секој од нив му се заканува задолжителна минимална затворска казна од 50 години. Поради новите обвиненија, судијата го одложи почетокот на судењето за две недели, а процесот сега треба да започне на 14 јуни 2027 година.

Американските обвинители од Менхетен тврдат дека Мадуро им наредувал на венецуелски претставници да мачат опозициски политичари и припадници на војската осомничени за планирање негово соборување од власт. Според нив, целта била да ја задржи контролата врз Венецуела.

Во обвинението се наведува и случај од 2014 година, кога Мадуро наводно наредил киднапирање на припадници на војската за да се извлечат информации за можни противници на режимот. Обвинителите тврдат дека им порачал на службениците посилно да ги притиснат осомничените. Во документот се наведува и дека Флорес се согласила со планот на состанок и го отфрлила предлогот информациите да се собираат преку инфилтрирање меѓу противниците.

— реклама —

Односите меѓу Мадуро, кој доаѓа од социјалистичка партија, и САД беа напнати во текот на неговите 13 години на власт. Американските власти во тој период воведуваа санкции врз високи венецуелски функционери и големи државни компании поради обвинувања за кршење на човековите права, корупција и наместени избори.

Мадуро, од своја страна, ги обвинуваше САД дека се обидуваат да го соборат за да преземат поголема контрола врз природните богатства на Венецуела, земја со големи нафтени резерви.

Американската кампања на притисок врз венецуелскиот лидер кулминираше на 3 јануари годинава, кога американската војска го уапси Мадуро и неговата сопруга во нивниот дом во Каракас, за време на операција спроведена по наредба на претседателот Доналд Трамп. Потоа двајцата беа пренесени во САД, каде што им беа соопштени обвиненијата поврзани со трговија со дрога. Оттогаш се наоѓаат во притвор во Бруклин.

По апсењето на Мадуро, управувањето со Венецуела го презеде неговата поранешна потпретседателка Делси Родригез, која во меѓувреме ја засили соработката со САД.

Трамп го истакнува апсењето на Мадуро и обновувањето на односите со Венецуела како еден од најголемите успеси на својата надворешна политика. Тоа го нагласува и пред изборите во ноември, на кои републиканците ќе се обидат да ја задржат контролата врз Конгресот, на средината од претседателскиот мандат на Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

maduro-696x418-1

Мадуро бара американскиот суд да го отфрли обвинението: „Имам апсолутен имунитет“

Свет | пред 1 месец

— реклама —
Нема фотографија

Трамп тврди дека во Венецуела било употребено тајно оружје „дискомбобулатор“

Свет | пред 8 месеци

media-libraryluvqeq3767d25hroIP9

Прва порака од Мадуро по приведувањето: Не тагувајте, издржуваме

Свет | пред 9 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски со контроверзен предлог: Како со Мадуро, така и со Кадиров

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања