Промени тема
Контакт

Трамп тврди дека во Венецуела било употребено тајно оружје „дискомбобулатор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за таблоидот „Њујорк пост“ дека ново тајно оружје, наречено „дискомбобулатор“, одиграло пресудна улога во американската операција во која бил заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Според тврдењата на Трамп, мистериозното оружје ја онеспособило целата „непријателска опрема“ во моментот кога американските хеликоптери на 3 јануари слетале во Каракас за да го приведат Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, поради сојузни обвиненија за трговија со дрога и оружје. Тој навел дека венецуелските сили располагале со руски и кинески ракети, но не успеале да испалат ниту една, бидејќи системите престанале да функционираат.

— реклама —

Трамп го спомена оружјето коментирајќи ги медиумските извештаи дека администрацијата на Џо Бајден купила уред поврзан со серија мистериозни здравствени нарушувања, познати како Хавански синдром. За самото оружје, како што рече, не смеел да зборува во детали.

Во меѓувреме, од Венецуела пристигнаа сведоштва според кои припадници на обезбедувањето на Мадуро биле неспособни за отпор, со симптоми како крварење од нос и повраќање крв. Еден член на безбедносниот тим изјавил дека одеднаш престанале да работат сите радарски системи, по што над нивните позиции се појавиле бројни дронови и хеликоптери со американски војници.

— реклама —

Според неговото сведоштво, кон обезбедувањето бил насочен уред што создавал силен, насочен бран, кој го опишал како чувство дека главата „пука одвнатре“. По дејството, тие паднале на земја, неспособни да се движат.

— реклама —

Експертите наведуваат дека звучните оружја користат моќни бранови за онеспособување на противникот, предизвикувајќи главоболки, нарушувања на рамнотежата, дезориентација и можно трајно оштетување на слухот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

deportirani

Над 25.000 луѓе депортирани во трети земји преку тајни американски договори

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryp6gadh67tn2kdE8GhFH

(Видео) Четири лица загинаа во американска операција против шверцери на дрога на Карибите

Свет | пред 1 ден

media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Трамп воведе нови санкции за Русија, Медведев му одговори

Свет | пред 1 ден

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Трамп го прогласи договорот за Гренланд за „историска победа“, но дел од правата постојат од 1951 година

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања