Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Мадуро во понеделник првпат пред федерален суд во Менхетен, а жители на Венецуела сведочат: Нашата земја е во хаос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryuf71nlh27k0cbFifNuw

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во понеделник првпат ќе се појави пред федерален суд во Менхетен, соопшти претставник на американското Министерство за правда. Тој е обвинет по повеќе федерални точки, меѓу кои и заговор за нарко-тероризам.

Во обвинението се наведува дека Мадуро и неговите сојузници со години ги претвориле венецуелските државни институции во центар на корупција поттикната од трговијата со дрога, дејствувајќи исклучиво во сопствен интерес. Според Министерство за правда на САД, највисокиот државен врв на Венецуела со децении бил вклучен во масовен шверц на наркотични средства.

„Повеќе од 25 години, лидерите на Венецуела ги злоупотребувале позициите на јавна доверба и ги корумпирале некогаш легитимните институции за да внесат тони кокаин во Соединетите Американски Држави“, се наведува во обвинението, при што како главен организатор е посочен токму Мадуро.

— реклама —

Сликите од Мадуро со лисици на рацете на американско тло предизвикаа силни реакции меѓу Венецуелците во дијаспората. Ниурка Мелендес, коосновачка на организацијата „Venezuelans and Immigrants Aid“ од Њујорк, изјави за CNN дека сцените кај неа разбудиле силни и спротивставени емоции.

— реклама —

„Тоа е како возење на воз на смртта – толку многу чувства во исто време“, рече таа, додавајќи дека и покрај трауматичното минато, гледа „светло на крајот од тунелот“.

Мелендес нагласи дека во Венецуела и натаму има политички затвореници и луѓе кои живеат во страв, но оцени дека апсењето на Мадуро претставува чекор кон правда.

— реклама —

„Нашата земја е во хаос. Ја изгубивме државата и сега повторно се обидуваме да ги составиме парчињата. Знам дека тоа ќе биде исклучително сложен и тежок процес“, изјави таа, изразувајќи надеж дека судскиот процес ќе биде почеток на обновата на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на речиси 4.500

Свет | пред 2 дена

media-librarysfjm4bka4q5s8ezav4e

Бројот на жртви во Венецуела се искачи на 4.118, речиси 18.000 луѓе останаа без дом

Свет | пред 4 дена

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на речиси 4.000

Свет | пред 6 дена

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Над 3.500 загинати во разорните земјотреси во Венецуела

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања