Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Маѓар ги откри првите министри на новата влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Лидерот на унгарската партија Тиса, Петер Маѓар, ги објави првите седум кандидати за министри во идната влада, по состанокот на пратеничката група на партијата, нагласувајќи дека се во тек завршните консултации за формирање на кабинетот.

— реклама —

Според неговите зборови, новата влада ќе има вкупно 16 министри, без формирање „суперминистерства“, при што секој сектор ќе има посебно ресорно министерство, пренесува „Маѓар Немзет“.

Маѓар го номинираше Андраш Карман за министер за финансии, Анита Орбан за министерка за надворешни работи и Иштван Капитани за министер за економија и енергетика во новоизбраната влада, како што претходно беше најавено.

— реклама —

Десноцентристичката партија Тиса на Маѓар оствари убедлива победа на изборите одржани на 12 април, со што беше ставен крај на 16-годишното владеење на десничарскиот премиер Виктор Орбан.

— реклама —

„Веќе неколкупати кажавме – ова е огромен мандат, огромно мнозинство и најмалку толкава одговорност. Ова беше клучната точка на денешниот состанок на парламентарната група, да разговараме со нашите пратеници што значи оваа одговорност и како можеме да ја исполниме 24/7, секој ден во годината“, изјави Маѓар.

Тој посочи дека неговата влада би можела да ја преземе власта до 11 мај, откако се очекува да положи заклетва на 9 или 10 мај на конститутивната седница на парламентот.

— реклама —

Додаде дека преговорите за формирање на владата сè уште траат и дека во наредните денови ќе бидат објавени и останатите министерски позиции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg1o911nd5kem2wJr2ri

Унгарија ги менува правилата за абортус

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Унгарија трипати крена борбени авиони по дојави за бомби во патнички летови

Свет | пред 6 дена

lgbti

Голема промена во Унгарија: Парламентот ги укина спорните ограничувања за ЛГБТ+ содржините

Свет | пред 4 седмици

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар смета дека децата подобро е да растат со истополови родители отколку во домови

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања