Промени тема
Контакт

Магливо утро, сончев ден со температури до 15 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarypj8vof6m0nf74deLWAY
Скопје1.мк

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утринава се измерени ниски минимални температури во повеќе градови низ државата. Најстудено било во Прилеп со минус три степени, додека минус два степени се измерени во Крива Паланка, Берово и Маврови Анови. Со минус еден степен се регистрирани Попова Шапка и Битола. Нула степени се измерени во Тетово, Штип, Крушево и Претор, додека еден степен во Скопје-Петровец, Охрид, Кавадарци и Виница. Во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Демир Капија се измерени два степени, во Струмица четири, а најтопло било во Гевгелија со осум степени.

— реклама —

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 83 сантиметри.

— реклама —
— реклама —

Според прогнозата на УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и појава на магла. Во текот на денот времето насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе има ниска облачност, а во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 2 седмици

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 3 седмици

soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања