Промени тема
Контакт

По 32 часа под урнатините: Спасени мајка и новороденче во Венецуела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5
screenshot X

Среде трагедијата предизвикана од разорните земјотреси во Венецуела, спасувачките екипи успеаја да извлечат жива мајка и нејзиното 18-дневно бебе од урнатините на зграда во Ла Гваира.

Мајката и новороденчето биле пронајдени 32 часа по силните потреси што минатата недела ја погодија земјата. По спасувањето, тие биле пренесени во болница во Каракас, каде што им била укажана лекарска помош.

Според лекарските информации, и мајката и бебето се во стабилна состојба.

— реклама —

Во текот на викендот, спасувачките тимови успеале да спасат најмалку 33 лица, но десетици илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати.

— реклама —

Венецуела беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во ноќта меѓу средата и четвртокот.

Експертите предупредуваат дека по истекот на 72 часа од земјотресот, шансите за пронаоѓање преживеани под урнатините значително се намалуваат.

— реклама —

Според Обединетите нации, речиси 1.500 објекти се оштетени, а повеќе од 3.100 семејства се раселени. Земјотресите погодиле најмалку седум федерални држави, а досега се регистрирани повеќе од 430 последователни потреси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Свет | пред 1 седмица

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 6.301

Свет | пред 1 седмица

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 6.125

Свет | пред 2 седмици

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Над 5.000 жртви во разорните земјотреси во Венецуела

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања