Телата на 80-годишна жена и нејзиниот 52-годишен син биле пронајдени синоќа во нивниот стан на осмиот кат од зграда во Ниш, Србија. Случајот бил откриен откако станарите со денови чувствувале силен и непријатен мирис во зградата.
Соседите се посомневале дека нешто се случува, по што синоќа ја повикале полицијата. Полицајците не можеле да го отворат станот без присуство на роднина, па била повикана сестрата на починатата жена. По влегувањето во станот, биле пронајдени двете тела.
„Со денови се чувствуваше одреден мирис низ целата зграда, моравме да ја држиме вратата отворена, беше толку силен. Синоќа соседите од деветтиот кат се посомневаа во нешто, па ја повикаа полицијата“, раскажале станарите.
Мајката и синот живееле сами по смртта на сопругот и таткото. Според соседите, немале проблеми и понекогаш синот престојувал со мајка му, а понекогаш одел во друг стан што го имале во центарот на градот.
Вишото јавно обвинителство во Ниш наредило обдукција на телата, по која треба да се утврдат причините и времето на смртта.