Благица Бурева, мајка на Владимир, сподели апел во кој бара помош за пронаоѓање на нејзиниот син. Таа тврди дека тој заминал вчера утрото и не се вратил. Во куса изјава за „Скопје1“ посочува дека случајот е пријавен и во полиција.
„Последната локација е Велес. Облечен беше во црна тренерка“, вели Благица Бурева за „Скопје1“.
Побаравме информации и од полицијата, оттаму очекуваме одговор.