Мајката на исчезнатата Вања со апел: Ве молам, не ширете дезинформации, не помагаат во пронаоѓањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
majka1412

Низа коментари, теории на заговор, дезинформации беа објавени на социјалните мрежи по исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Мајката, Зорица Ѓорчевска, упати апел до сите, со цел, да не се одмага на истрагата и потрагата по девојчето. Таа дел од вечерта ја поминала во полициската станица „Беко“ од каде се координираат активностите за пронаоѓање.

— реклама —

„Би сакала многу да се заблагодарам до Министерството за внатрешни работи кое несебично е на терен и доцна вечерва, за да се пронајде моето малолетно дете. Ве молам, не ширете дезинформации, не помагаат во пронаоѓањето“, напиша мајката на социјалните мрежи.

— реклама —

Во потрагата, вклучени се и роднини и пријатели. Досега, нема траг од девојчето. Полицијата извршила претрес и во домот, каде е пребаран и компјутерот, а отворени се и пораките кои Вања ги разменувала. Во нив, според мајката, немало ништо сомнително. На распит се повикани и другарите на Вања, а во потрагата вклучени се нивните родители. Полицијата работи на сите можни теории, поврзани со тоа каде би можела да биде и што би можело да се случи со 14-годишното девојче.

„Како родители мислиме само на најлошто. Надлежните ни велат дека досега не памтат сличен ваков случај“, додава Ѓорчевска.

Официјалните информации од мајката која зборуваше за „Скопје1“ се дека Вања немала конфликт со родителите, од дома излегла насмеана, по 20 минути и јавиле дека не се појавила во училиштето кое било на мала оддалеченост. Последно е видена во Дебар Маало, по што, и се губи секој траг. Мајката Зорица, за „Скопје1“ посочи дека немаат нарушени односи со таткото на Вања, заедно трагаат по неа. Таа го опиша своето дете, како личност која никогаш не би избегала, бидејќи како што рече: „таа не е таква“.

Од МВР веќе посочија дека работат на пронаоѓање. Вчера, беа мобилизирани сите екипи од Секторот за внатрешни работи-Скопје. Земени се снимки од камери на околни објекти по трасата која Вања ја одела, но и од градските камери поставени по раскрсници и улици.

Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение. Телефонот и е исклучен од 7:34 минути вчера (понеделник), а последен пат е видена во Дебар Маало. Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента.

Screenshot-2023-11-27-at-12.46.22-copy

Проверен е компјутерот и пораките на Вања, мајката во шок - пријатели и роднини вклучени во потрагата

Ништо не било најдено во компјутерот на исчезнатата 14-годишна Вања, а од снимките од надзорните камери во мали бизниси кои се наоѓаат по трасата каде вообичаено се движело девојчето, не можат да се утврдат никакви детали бидејќи не снимаат јавна површина. Ова го сведочи мајката Зорица Ѓорчевска. Потрагата трае, уверува и дека сите екипи на МВР прават се што можат за нејзино пронаоѓање.Телефонот на Вања е и натаму исклучен, додека, се пак, од пораките кои ги проверувало семејството и полицијата, не било најдено ништо што би дало индиција каде е девојчето.Во потрагата, освен МВР, се вклучиле и роднини. Низ бандерите во Центар веќе има и фотографии од Вања. Семејството е во шок, во обид да добие било каква информација за младото девојче.Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение. Телефонот и е исклучен од 7:34 минути вчера (понеделник), а последен пат е видена во Дебар Маало. Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања