Ништо не било најдено во компјутерот на исчезнатата 14-годишна Вања, а од снимките од надзорните камери во мали бизниси кои се наоѓаат по трасата каде вообичаено се движело девојчето, не можат да се утврдат никакви детали бидејќи не снимаат јавна површина. Ова го сведочи мајката Зорица Ѓорчевска. Потрагата трае, уверува и дека сите екипи на МВР прават се што можат за нејзино пронаоѓање.
Телефонот на Вања е и натаму исклучен, додека, се пак, од пораките кои ги проверувало семејството и полицијата, не било најдено ништо што би дало индиција каде е девојчето.
Во потрагата, освен МВР, се вклучиле и роднини. Низ бандерите во Центар веќе има и фотографии од Вања. Семејството е во шок, во обид да добие било каква информација за младото девојче.
Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение. Телефонот и е исклучен од 7:34 минути вчера (понеделник), а последен пат е видена во Дебар Маало. Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента.
Поминаа 24 часа од исчезнувањето на Вања: полицијата трага, семејството бара информации, граѓаните загрижени
Поминаа 24 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања, која тргна во училиште и ѝ се губи секаков траг. Полицијата извести дека и во текот на ноќта биле мобилизирани службеници задолжени за нејзино пронаоѓање, а до вчеравечер, семејството Ѓорчевски немаше никакви информации за тоа каде може да се наоѓа девојчето.Вања, според мајката, излезе од дома вчера (понеделник), во 7:20 часот, а веќе во 7:40 минути, семејството дознало дека девојчето не било на првиот училиштен час. Во 12 часот на пладне,
Македонија | пред 2 години