83 дена нема ни трага ниту глас од 26 годишниот Пино Секондо, а Арбен Асалан исчезна на кон крајот на месец јануари. Родителите на исчезнатите деца на нов протест бараат одговор од полицијата. Тие заедно со роднини и пријатели повторно излегоа на протест пред Собранието и ги повикаа институциите да им помогнат да ги најдат како што велат нивните најмили. До сега од МВР не добиле никакви информации за Пино, вели неговта мајка.
-Денес е точно 83 како го нема Пино, на такви технологии нашите институции да не можат или не сакаат или немаат техника, изјави Маја Трпковска, мајка на Пино.
Таа се обрати и до министерот Оливер Спасовски:
-Господине Спасовски, не ни се исчезнати мачињата туку нашите најмили.
Родителите и роднините на исчезнатите најавуваат протести и следната недела доколку МВР не излезе со некоја нова информација.
Инаку според официјалната статистика на МВР во моментов во МВР се водат 132 лица за исчезнати.