„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-05-at-12.09.46

Јулија Златкова мајка на Томас Златков кој имаше 22 години и загина во дискотеката „Пулс“, испрати порака до правораздавачите. Со траорен статус укажа дека очекува правдата да излезе на виделина, но и дека како родители нема да дозволат виновниците да бидат неказнети.

— реклама —

„На Велигден сум се заљубил! Има една таква песна…Велигден е тука, но нашите деца ги нема…..Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја… Некои биле заљубени, некои требаше да се заљубат, некои од нив имаа и сопруги и сопрузи и мали дечиња и штотику родени дечиња…Кој сега ќе се радува на нив? Некои од децата не дочекаа полнолетство, некои не дочекаа матура, некои требаше да дипломираат и да станат академски граѓани кои ќе работат чесно како што ги учеле нивните семејства… Не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, какво е чувството да знаеш дека детето никогаш повеќе нема да се врати дома, да ги видиш неговите убави очи, неговата убава насмевка, да го слушнеш како се смее, да дочекаш уште еден Велигден со него…Еве ќе ви кажеме, живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца, да им раскажеме колку тие фалат дома … Ќе се навршат уште малку 40 дена, 40 црни денови без нашите сонца, без нашите анѓели чии кревети од тој ден останаа празни, а нашите срца и души засекогаш завиени во црнило… Времето поминува, но правдата како што се чини нема изгледа дека ќе излезе на виделина… Зарем немате ни малку човечност во вашите души??? Зарем толку сте евтини што со пари се купувате??Ееееј вие убијци на нашите деца!“, напиша Златкова.

Таа додава: „Зарем нашите невини деца требаше да ја платат цената на вашата алчност и корумпираност? Со нивните штотуку расцветани животи? Вие сте дно на дното!!! Никој од нас не растел дете да стане херој, туку да стане човек… Вие ги убивте нашите деца!!! Ееее убијци, многу од вас се исто толку виновни како и сопственикот на Пулс-монструм, почнувајќи од премиер, министри, разно- разни инспектори, па се до обичните полицајци, сите сте гледале, ама не сте виделе ништо!!! При очи сте биле слепи!!! Срамота!!! Бедни сте, ситни души кои за проклети пари на душа ќе ги носите нашите убиени и многу повредени деца! На душа…само што вие душа немате Затоа Ви кажуваме, дека ние родителите и блиските на нашите починати чеда, ќе продолжиме да излегуваме и понатаму, секоја сабота…и се надеваме дека на крај нема да останеме единствено само ние, доколку на нашите сограѓани им досади да не следат нас, кои ја бараме правдата за нашите убиени чеда …Но ќе продолжиме да излегуваме и да ги потсетуваме челниците на оваа скапана држава дека сме тука и до наш последен здив ќе ја бараме правдата за сите починати и повредените на 16.март , бидејќи ние си ги закопавме нашите деца поради нечии грешки, поради тоа што некој бил корумпиран, поради тоа што злоупотребил својата функција за пари, за корист за личен бенефит“.

— реклама —

На крајот, мајката на Томас додава: „Правдата мора да излезе на виделина! Нашите безгрешни деца мора да бидат осветени! Ние родителите, нема да дозволиме виновниците да останат неказнети. Нашите деца ги нема повеќе, но можеби поради нашиот бунт кон овој трул државен систем ќе се смени нешто, па идните генерации ќе имаат побезбедна иднина од нашите деца. Вечна Ви слава ангели, утре наместо да кршиме јајца дома како секоја година претходно, ке ви донесеме јајца на Вашите вечни почивалишта!“.

[caption id="attachment_327190" align="alignnone" width="707"] Screenshot[/caption]

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања