Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Мајсторот за спомени“ во МКЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин

На 6 и 7 февруари (недела и понеделник), со почеток од 21 часот, во МКЦ (сала „Фросина“), ќе се одржат две изведби на „Мајсторот за спомени“ – театарска претстава по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение „Артопија“.

„Мајсторот за спомени“ е театарската претстава по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение „Артопија“.

Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот.

— реклама —

Екипа: aвтор и режисер – Јане Спасиќ

Актери во претставата се: Ненад Митевски, Елена Кузманов, Мартин Јорданоски, Бојан Кирковски, Симона Спировска и Анастасија Аневска.

— реклама —

Сценограф: Мартин Манев, костимограф Бранкица Јордановска, дизајнер на светло Владимир Димоски, композитор Дарија Андовска, дизајнер Матеја Николиќ, маркетинг Мартина Петреска, продуцент Филип Николовски.

— реклама —

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.

Претставата е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања