Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош: Левица алармира на предизборен поткуп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Ilija

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија. Станува збор за класичен пример на организиран предизборен поткуп и фиктивни вработувања, кои директно го оштетуваат државниот буџет и го нарушуваат интегритетот на јавните институции!

— реклама —

-Главна фигура во овој скандал е Илија Петковски – Џани, поранешен и актуелен раководител на подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во Пробиштип, кадар на СДСМ, кој сега преку коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повторно е дел од раководството. Само на последниот јавен повик за вработување по основ „Невработени Роми” се вработиле 40 лица регистрирани како Роми, иако според пописот од 2021 година, во Пробиштип живеат вкупно 104 припадници на ромската заедница. Тоа значи дека со еден повик, Џани „вработил“ 40% од целото ромско население во општината - бројка што е очигледно нереална и алармантно сомнителна, наведува Левица!

Посочуваат и дека според анализата на имињата и презимињата на добитниците на позициите, не станува збор за припадници на ромската заедница, туку за Македонци кои се лажно регистрирани како Роми за да добијат наводна „социјална помош“.

— реклама —

-Ова е само последен во низата случаи што укажуваат на систематско трошење на народни пари за партиски цели. Според нашите информации, во последните 2-3 години преку овие злоупотреби се извлечени над 300.000 евра од буџетот, велат од Левица.

фото: ФБ/Илија Петковски Џани

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања