„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонците се ХИТ на белградскиот маратон -трчаат, се вакцинираат и порачуваат: „Да навиваме за МАКЕДОНИЈА на Европското првенство“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Makedonci

Поради ситуацијата со вирусот коронавирусот на денешниот традиционален 34. маратон во Белград имаше околу 5.000 учесници. Меѓу нив беа околу 200 учесници од Македонија, пишува белградскиот портал „Ало“.

— реклама —

-Некои дојдоа да ја примат вакцината па не можеа да трчаат, други дојдоа до целта, но … На крајот, сите имаа една заедничка задача, пишува „Ало“.

Србија не успеа да се пласира на Европското првенство, но Северна Македонија тоа го направи и имаат барање да ги поддржиме Пандев и неговите пријатели на Европскот првенство во фудбал.

— реклама —

На транспарентот што го носеа и фотографијата која Ало ја овјави пишуваше-„Да навиваме за МАКЕДОНИЈА на Европското првенство во фудбал“.

-Дојдов во Белград, но поради вакцинацијата не можев да трчам на маратонот, но дојдов да ги поддржам моите другари и пријатели и убаво се чувствуваам бидејќи секогаш сте добри домаќини, изјави за Ало еден македонски државјанин облечен во македонски дрес.

Според учесникот на полумаратонот Сашо од Македонија изјави дека сретнал околу 100 Македонци што ги познава и дека на маратонот има околу 200 Македонци.

Како што објавија организаторите на 34 Белградски маратон учествуваат 5000 натпреварувачи, 1000 на маратонот и 4000 на полумаратонот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања