Уште еден Македонец починал откако почнал да се лекува кај надрилекарот од Србија Мирољуб Петровиќ. Српскиот весник „Блиц“ во денешното издание објавува сведоштво на вујкото на 42 годишниот Ристо Крстевски, Александар Илиевски кој тврди дека неговиот внук Ристо починал по едногодишно лекување со тинктурите на Петровиќ, за кои платил цело богатство, па дури се задолжил и со кредити, овјави novatv.mk.
Како што објави Блиц, на внукот на Илиевски, Ристо во ноември 2016 му бил дијагностициран карцином на грлото и веднаш се обратил кај Петровиќ. Како што тврди тој од Петровиќ добил совет: „Слушајте ме мене, не ги слушајте дебилните лекари“.
Ристо се лекувал цела година со тинкрутите на Петровиќ, а 12 дена бил и во центарот на Петровиќ кај Лесковац. За лекувањето Илиевски вели дека зеле и кредит, продавале имот, бидејќи месечно тинктурите чинеле 160 евра, а престојот во центарот 600 евра.
Но неговата состојба на крајот се влошила и тој починал на 17 декември 2017.