„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Македонец во Австралија гради компелкс во чест на Александар Велики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
makedonec-avstrlaija-2

Во Перт, Австралија нашиот иселеник од Егејска Македонија Тим Тутунџев, на десет хектари, изгради милионски комплекс, наречен “Александар Велики”. Поставил статуа во огромна димензија на Александар Македонски на коњот Букефал и кренал антички столбови за кралската палата, објави Маркукуле.

— реклама —

Тутунџев во втората татковина – Австралија – предвидува во проектот да изгради и антички амфитетар и да постави статуа на Филип Втори. Во дел од комплексот има катче со автентична куќа од Егејска Македонија од 19 век во стара архитектура со семејна црква.

Тим Тутунџев, родум од грчкиот дел на Преспа, бил дете бегалец од времето на граѓанска војна. Првин заминал во Романија, од каде отишол по “леб” во Перт, Австралија. Таму тој прераснува во познат и успешен бизнисмен, кој е и пратеник во градското собрание на општина Перт. Тутунџев открива како и зошто го градел староантичкиот комлекс во Перт.

— реклама —

– Го градев, зашто ми е спомен за нашиот Велики Александар. Кога ќе доаѓаат гости, им ја кажувам македонската историја. Доаѓаат луѓе од цел свет и ги учам токму за древна Македонија, за македонската империја на Александар Македонски.

Во училиштата во Австралија не учат македонска историја. Треба да им ја пренесуваме нашата длабока историја, нашите корени кои датираат уште од пред три века пред Христа. И нашите и Австралијанаците треба да бидат запознати со потеклото на големата заедница од над 500 илјади Македонци на петтиот континент – вели тој. Почнал со градби од времето на Александар.

Не само Македонци, и туку и други симатизери на македонската култура и историја љубопитно го разгледуваат комплексот, помагајќи им да ја разберат и да го осознаат македонското милениумско минато драго ми е кога доаѓаат и наши од Македонија. Сите треба да се грижиме за нашата татковина -објаснува Тутунџев.

Извор: Маркукуле

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања