„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонија е меѓу земјите во кои има најмала заинтересиранот за вакцинација против Ковид-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vakcini-1

Македонија е меѓу земјите во кои има најмала заинтересиранот за вакцинација против Ковид-19. Ова го покажува анкетата на Галуп спореведена на глобоално ниво за тоа кои се земјите во кои има најмал, а во кои најголем процент население кое сака или не сака да прими вакцина.

— реклама —

Вакцината против коронавирус, доколку е достапна и бесплатна, би ја примиле 68 проценти од возрасните во светот покажува анкетата. Сепак, како и на глобално ниво, во повеќето земји процентот е под 70-90, што според експертите е неопходното ниво на иминизација за да биде постигна колективен имунитет.

Подготвеноста на луѓето да примат вакцина варира од земја до земја, од високи 96 проценти во Мјанмар до многу ниски 25 проценти во Казахстан.

— реклама —

Повеќето од балканските и поранешните советски републики се на дното на списокот земји во кои населението сака да се вакцинира.

Според анкетата во Македонија, 35 проценти од возрасното население покажало подготвеност за вакцинација. Речиси идентична стапка имаат и соседите, Србија 35, Албанија 34, Црна Гора 33, Косово 32 и Босна и Херцеговина 30 проценти.

Повеќе од половна од возрасните Македонци не сакаат да ја примат вакцината против Ковид-19 покажуваа оваа анкета. 53 проценти од возрасното население во земјава се изјанило дека не сака да биде дел од имунизацијата.

52 проценти од возрасните Албанцие не би се вакцинирале, на Косово 56 проценти одбиваат вакцинација, а од земте во регионов, најлоша е ситуацијата во Босна и Херцеговина каде 61 процент од возрасното население не сака да прими вакцина против коронавирусот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања