Промени тема
Контакт

Македонија и Бугарија отворија ново поглавје во билатералните односи, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
25012022_PVRSM_Kovacevski_PVRB_Petkov_zaednicka-sednica_2

Новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија отворија ново поглавје во билатералните односи, вели СДСМ.

„Потврда за тоа е успешната меѓувладина седница на која беа формирани пет работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори и меморандуми за проекти од интерес на граѓаните на двете држави.

Двете влади и надлежните министерства ќе соработуваат во областа на инфраструктурата, земјоделството, аграрни науки, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превоз на стоки, намалување на цената на роамингот, а посебен фокус ќе се стави на железничкото поврзување и инвестиции во важни патни делници од Коридорот 8.

— реклама —

Ова е сериозен исчекор во унапредување на односите меѓу двете земји кој носи придобивки за двете земји.

Владата предводена од СДСМ во следниот период ќе се посвети на зајакнување на соработката на Северна Македонија и Бугарија преку културни, образовни и младински размени, инфраструктура, мобилност, дигитализација, брз проток на информации.

— реклама —

Со ваквиот пристап, низ дијалог и соработка не само што ќе се продлабочи соработката, туку и ќе се најде заедничко прифатливо решение за отворените прашања.

— реклама —

Убедени сме дека во духот на европските вредности, зачувувајќи го нашето достоинство ќе најдеме решение за отворените прашања со што ќе се надминат пречките за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.

СДСМ преку Владата што ја предводи останува посветена на обезбедување европска иднина и засилена соработка со нашите соседни земји“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања