Промени тема
Контакт

Македонија има светски шампион во карате: Марко Џорлев освои злато со пет победи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Спорт
media-librarymtlsu4737qfn3Jch51H

Македонскиот каратист Марко Џорлев освои златен медал на Светското кадетско првенство во Полска, станувајќи светски шампион во категоријата до 63 килограми. До титулата стигна со пет победи, а во финалето го совлада Унгарецот Адам Баги со 4:1.

— реклама —

Џорлев до финалето ги победи Алехандро Перез од Куба со 10:6, Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6:1, Леонс Акоповс од Латвија со 6:0 и Јан Мата од Панама со убедливи 8:0.

— реклама —
— реклама —

Со вкупен резултат од 34:8 во поени, младиот македонски каратист го заокружи настапот со светска титула.

Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година се одржува од 14 до 18 октомври во Бјелско-Бјала, Полска, со учество на повеќе од 2.000 каратисти од 114 земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryig1pq4c426pa9NwI7is

Македонската химна одекна во Таранто: Матеј Белистојаноски освои злато на Медитеранските игри

Спорт | пред 1 месец

— реклама —
media-library10kprl9r1rr1aYfpypc

Втор медал за Македонија на Светската универзијада во Бразилија

Спорт | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања