Промени тема
Контакт

Македонија останува надвор од ЕУ-роаминг зоната, додека Украина и Молдавија веќе зборуваат „како дома“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarydd62f77tkvnkfTbFVYS
Unsplash

Додека европската зона без роаминг одлучно се проширува, Македонија, заедно со Србија и Босна и Херцеговина, останува на чекање. Украина и Молдавија веќе од 1. јануари 2026 година станаа полноправен дел од режимот „Roam Like at Home“, со што нивните граѓани добија можност да користат мобилни услуги низ ЕУ без дополнителни трошоци.

— реклама —

Овој премин значи дека Украинците и Молдавците – и обратно, граѓаните на ЕУ кои патуваат таму – од сега плаќаат исто како дома за повици, пораки и мобилни податоци. Одлуките за нивното приклучување беа усвоени од Советот на ЕУ во јули 2025 година.

— реклама —

Албанија и Црна Гора се следни – Македонија не се споменува

За 2026 година веќе е најавено и приклучувањето на Албанија и Црна Гора, кои се најнапред во преговорите за членство во ЕУ. За Македонија, пак, нема рокови, нема процени, нема сигнал – што е директен одраз на застојот во преговорите со Унијата.

Со тоа, земјава повторно се најде во групата на држави кои чекорат побавно на патот кон Брисел.

— реклама —

ЕУ-роамингот – модел што функционира од 2017 година

Режимот „Roam Like at Home“ им овозможува на граѓаните во рамките на зоната да плаќаат домашни тарифи и при патување во странство, без дополнителни доплати. Проширувањето кон Украина и Молдавија се гледа како дел од нивната постепена интеграција во европскиот пазар и дигиталната инфраструктура.

— реклама —

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, неодамна порача дека проширувањето на зоната за роаминг „ја зближува регијата, го поддржува бизнисот и туризмот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

kuferi-odmor

Нова промена за авионските патници во ЕУ: до 7 килограми дополнителен рачен багаж без доплата

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library02i35qhog8thag61W4q

ЕУ разгледува итни мерки за масовен прилив на мигранти

Свет | пред 3 дена

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Цената на гасот над 70 евра: ЕУ повикана да ја намали потрошувачката

Свет | пред 1 седмица

mkd-429029

Фон дер Лајен добива критики од сопствениот табор за вештачката интелигенција

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања