Нема спас од аерозагадувањето. Проблеми со неговите штетните последици имаат и младите и старите.
Додека граѓаните постојано реагираат и апелираат, надлежните институции и властите без конкретни мерки.
Мерните станици во моментов покажуваат дека ПМ-10 честичките се неколку пати над дозволеното, а најзагадено е кај Ректоратот во Скопје.
Мерните станици за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина утрово регистрираат високи концентрации на штетните ПМ10 честички во речиси сите делови на земјата. Најалармантно е во скопската општина Центар каде се измерени 302 милиграми ПМ 10 на метар кубен, по што следуваат реонот околу Ректораттот со 180, општина Карпош со 179, Битола со 159, Струмица со 156, Тетово и Кавадарци со 134 милиграми на метар кубен.