Граѓаните бесни, градовите обвиени од смог, тешко се дише, а видливоста е едвај неколку метри. Годинава неколку македонските градови на врвот на листата на најзагадени светски градови. Смогот се интензивираше поради густиот сообраќај, масовното користење јаглен, лошото просторно планирање и греењето на дрва. Индексот на квалитетот на воздухот е најмалку 10 пати повисоко од просекот. Степенот на загаденост на воздухот на почетокот на декември веќе достигна алармантно ниво.
Македонија губи околу 3,2 проценти од својот годишен БДП поради загадувањето, или во бројки околу 360 милиони долари годишно.Околу 1.350 Македонци умираат годишно како последица на загадувањето на воздухот.
Додека светот е собран на Климатскиот самит во Полска, граѓаните на Балканот се прашуваат дали нивните влади ќе сторат нешто за да се справат со загадувањето кое убива илјадници луѓе годишно.
Од загадувањето профит имаат само оние кои продаваат прочистувачи на воздух, за кои, еден продавач од Македонија вели дека „одат како алва“. „Луѓето не гледаат колку чини само сакаат да чист воздух“, велат бизнисмените кои продааваат прочистувачи на воздух.
Инаку прочистувач на воздух чини околу 400 евра - речиси исто колку и просечна плата во Македонија.
За потсетување како една од мерките која ја превзеде министерството за здравство во борба против загадувањето е 43 те илјади маски за дишење за хронично болни луѓе.
На ова се спротиставија активистите од граѓанската организација „Стоп за загадувањето на воздухот“. Според нив оваа мерка е краткорочна и не е сериозна во борба против загадувањето.