Македонија се уште нема одлучено, дали би испратила свои војници во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bujar-osmani

Северна Македонија со внимание ја следи актуелната состојба во Украина, велат од Министерството за надворешни работи. На прашањето на Гласот на Америка дали ќе упатат предупредување до македонските граѓани да не патуваат во Украина или пак повик до оние кои веќе се наоѓаат таму да ја напуштат државата, од МНР велат дека формирале работна група што го следела развојот на настаните и безбедносната ситуација во Украина.

— реклама —

Некои држави веќе ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Украина, како на пример Канада. Американската амбасада во Киев ги повика своите граѓани веднаш да размислат за напуштање на земјата, потсетува Гласот на Америка.

— реклама —

Северна Македонија се’ уште нема одлучено, дали евентуално би испратила и свои војници во Украина, како дел од НАТО сојузничките сили. Од Армијата на Северна Македонија велат дека секоја одлука се носи на повисоко ниво и оти во моментот работат според годишен план за работа.

— реклама —

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во телефонски разговор вчера со Дерек Чолет советник на Стејт департментот на САД, разменил мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и актуелните случувања во и околу Украина.

„Беше изразена взаемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, повлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права. Воедно, ја истакнаа значајноста од заеднички пристап кон актуелните безбедносни предизвици и упатија повик за деескалација на состојбите во интерес на европската сигурност. Во тој контекст, ги поздравија напорите на меѓународните партнери и заложбите во рамки на НАТО и ОБСЕ за смирување на состојбите и зачувување на мирот“, се вели во соопштението на МНР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања