Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryppd0uq5hgs4eb5DKUvq

На состанокот на ЈЕСКО во Берлин, Македонија порача дека енергетската трансформација веќе дава резултати. Државниот секретар Горан Јовановски истакна политика со два приоритета: забрзана декарбонизација и стабилно снабдување. Со Законот за енергетика (мај 2025) се воведува модерен, транспарентен систем и стратешко планирање. Во тек се инвестиции во ОИЕ и складирање, модернизација на мрежата и подготовка на Закон за ОИЕ, како и план 2025–2030 со 61 мерка; фокус останува и енергетската безбедност и ЕУ усогласување.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На состанокот на Германско-македонскиот заеднички економски управен комитет (ЈЕСКО), кој се одржа во Сојузното министерство за економски работи и енергетика на Сојузна Република Германија во Берлин, Македонија испрати порака дека енергетската трансформација е веќе активен процес што дава конкретни резултати, стои во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во рамки на официјалната делегација, државниот секретар во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Горан Јовановски, се обрати на состанокот, при што говореше за енергетската политика, декарбонизацијата, инвестицискиот развој и сигурноста на снабдувањето, стои во соопштението.

— реклама —

Тој истакна дека државата води енергетска политика заснована на два клучни приоритети – забрзана декарбонизација и стабилно снабдување со енергија. Според него, со новиот Закон за енергетика донесен во мај 2025 година, воспоставен е модерен и транспарентен систем усогласен со европските стандарди, кој обезбедува поголема предвидливост за инвеститорите, стои во соопштението од Министерството.

Како што е наведено во соопштението , Јовановски нагласи дека со воведување системско планирање и годишни планови за енергетски капацитети и складирање, државата преминува кон координиран и стратешки пристап во развојот на секторот.

— реклама —

Тој додаде дека е во тек засилен инвестициски циклус во обновливи извори на енергија и системи за складирање, што веќе придонесува за зголемено домашно производство, намалена увозна зависност и зајакнување на енергетската независност. Паралелно се спроведува модернизација на електроенергетската мрежа и развој на паметни системи за балансирање, стои во соопштението

Во завршна фаза е и новиот Закон за обновливи извори на енергија, кој треба да овозможи побрзи и поедноставени инвестиции, со цел зголемување на учеството на чистата енергија и намалување на емисиите, стои во соопштението од Министерството.

Во рамки на состанокот беше претставен и Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030, кој опфаќа 61 мерка за декарбонизација, енергетска ефикасност и реформа на пазарот, стои во сопштението.

Јовановски посочи дека енергетската безбедност останува клучен приоритет, преку диверзификација на изворите, нови интерконекции и регионална соработка, нагласувајќи дека таа е прашање и на економска и на национална безбедност, стои во соопштението.

Состанокот овозможи и директен дијалог меѓу институциите, бизнис-заедницата и експертите од двете земји, со фокус на инвестициската клима и стратешките приоритети, стои во соопштението од Министерството.

Македонија, како што беше истакнато, останува посветена на европската интеграција и усогласување со ЕУ стандардите во енергетиката и климатските политики, преку реформи, транспарентна имплементација и мерливи резултати, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања