Промени тема
Контакт

Македонија веќе не e ковид-ризична област во Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
aerodrom

Македонија веќе не се смета за ковид-ризична област во Германија, информираат од Министерството за надворешни работи.

Од таму посочуваат дека со најновата одлука на германските власти им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Северна Македонија.

— реклама —

„Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт, и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест, или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација“, објаснуваат од МНР.

— реклама —

За влез во Австрија, пак, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена бустер-доза или доказ за прележана болест (не постари од 6 месеци) заедно со негативен ПЦР-тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка карантин за патниците.

— реклама —

Со најновата одлука на Грција, сите патници над 5-годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања