Промени тема
Контакт

Македонската дипломатија водена од неуки кадри на ДУИ и СДСМ ќе го пробие дуплото дно, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bujar-osmani

Години наназад сведоци сме на надворешна политика која реди неуспеси. Либералното квислингување на СДСМ и ДУИ, ставено во служба на надворешен фактор, со цел да ги дораспродаде националните интереси и поткопа државните позиции, има потреба целосно да ги уништи кадровските капацитети на македонската дипломатија, вели Левица.

„Предлогот за поставување на оџа за амбасадор од пред некоја година го достигна кадровското дно во македонската дипломатија. Но, политиката на ДУИ и СДСМ останува безлимитна! Со клиентелистички мотивираното назначување на синот на владиниот мегафон Муслиу за генерален конзул, македонската дипломатија го проби дното. А, со давањето предлог за назначување за генерален козул на презентерката Бесмира Ејупи (патем во погрешно конзуларно претставништво), целиме кон маргините на дуплото дно.

— реклама —

Предлозите за дипломатско развратништво дадени зад затворена врата, кои доаѓаат од министерството кое го предводи Османи се со умисла. Тие знаат дека спроведувањето на туѓа агенда и уривањето на дипломатските позиции на Македонија ќе добие природен тек само со поставување на неуки партиски послушници, кои без трошка одговорност кон општествената улога што ја носат, скратени со можноста за рационално расудување, спремни по секоја цена да ја следат партиската директива.

Откако Османи е прв човек на МНР, дипломатските скандали стануваат традиција. Техничките грешки како поставување погрешни знамиња, интерпретирање на скратена химна служат само за замајување на јавноста, додека вистинските проблеми се на друго место. Во дипломатските релации постојано се истиснува македонскиот јазик, во меѓународните организација наместо сопствените, Македонија ги застапува интересите на Косово, а на билатералните средби се лобира за признавање на оваа „држава“.

— реклама —

Токму заради спроведување на нови државни велепредавства, министерството предводено од ДУИ, под закрила на СДСМ, инсистира на вакви кадровски решенија. Демантот добиен од МНР не е чин на некаква одговорност, тие се обидоа да го опипаат пулсот на јавноста по принципот „ако помине помине“. Овој демант е резултат добиен исклучително како резултат на силен притисок.

— реклама —

Најновиот скандал е само показател повеќе за потребата од промени во целокупната легислативата која се однесуваат на надворешната политика и дипломатија. Во спротивно, националните интереси и Македонија уште многу можат да загубат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања