Промени тема
Контакт

Македонската таеквондистка Миљана Рељиќ освои бронза на Светското првенство за жени во Кина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-library2ekbodfvqrv23bBKHie
Instagram/macedonia_olympic_taekwondo

Македонската таеквондистка Миљана Рељиќ освои бронзен медал на Отвореното светско првенство Г-4 во Таијуан, Кина, со што продолжи со успешните настапи на меѓународната сцена.

Рељиќ настапи во категоријата до 62 килограми, во конкуренција на 43 таеквондистки, а до медалот стигна со три победи.

— реклама —
— реклама —

На стартот таа убедливо со 2-0 ја совлада домашната натпреварувачка Јијао Санг. Во следната борба беше подобра од Узбекистанката Мохидил Уктамјонова со 2-1, додека пласманот на пиедесталот го обезбеди со уште една победа од 2-1, овојпат против претставничката на Тајпеј, Чиа Веи Ванг.

— реклама —

Бронзата од Таијуан носи и значајни бодови за Рељиќ во борбата за што подобар пласман на олимписката ранг-листа и обезбедување настап на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања