Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа стартуваше со победа во Лајпциг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
media-libraryl66lnccf12klcBHaUq1

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на W75 турнирот во Лајпциг, Германија, откако во првото коло ја совлада Украинката Анастасија Фирман со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:4).

— реклама —

Мечот траеше два часа и 30 минути, а Ѓорческа до победата стигна по голема борба. Во првиот сет беа направени дури седум брејка, од кои четири ги освои македонската тенисерка, која сетот го доби со 6:4. Во вториот сет Фирман возврати со ист резултат и израмни на 1:1.

— реклама —

Во решавачкиот сет Ѓорческа направи клучен брејк за водство од 4:2. Иако Украинката успеа да врати еден брејк, македонската тенисерка веднаш возврати со нов брејк и го доби сетот со 6:4, а со тоа и натпреварот.

— реклама —

Во второто коло Ѓорческа ќе се соочи со Чехинката Алена Ковачкова, која во првото коло со 2:0 во сетови ја победи Сохун Парк.

Турнирот во Лајпциг се игра за награден фонд од 60.000 американски долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас го победи Басилашвили и се пласира во четвртфиналето во Виена

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Рафаел Надал повторно ќе игра тенис, се враќа по две години

Спорт | пред 1 месец

media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Што го „убива“ модерниот тенис? Долги мечеви, густ календар и сè повеќе повреди

Спорт | пред 1 месец

media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Сабаленка продолжува да доминира на УС Опен: Стигна до четвртфиналето

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања