Промени тема
Контакт

Македонски државјанин се обидел нелегално да изнесе 7.800 евра од државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_5041

,,Инспектори од Служба за мобилни скенери спречија нелегален изнес на девизи на граничен премин Блаце во износ од 7.800 евра, откако при контрола на патник откриja поголема сума непријавени девизи. Лицето е македонски државјанин кој патувал со автомобил со чешки регистарски таблички. Истиот на прашање на царинските инспектори дали има нешто да пријави одговорил дека нема ништо, при што е извршена контрола на возилото каде во неговата ташна се пронајдени вкупно 9.800 евра. Согласно законот за девизно работење на патникот му се вратени 2000 евра, што македонски државјани можат да ги изнесат од државата без да ги пријават, а останатите се задржани.

— реклама —
— реклама —

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.

— реклама —

Ги известуваме граѓаните дека при излез од државата можат да носат ефективни странски пари во износ од 2 илјади евра по лице. Доколку изнесуваат девизи во износ од над 2 илјади евра, должни се да ги пријават на царинскиот орган со презентирање на потврда од банка или менувачница. Девизи во вредност од над 10 илјади евра не е дозволено да се изнесуваат.”, известуваат од Царинската управа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryq5cc9te255lt7VWRcPr

(Фото) Косовец сакал да шверцува четири питони и отровна змија на Богородица, ги скрил под седиштето

Македонија | пред 3 дена

1111-1

Од јули 2024 година до сега спречен влез на 246 мигранти во земјава

Македонија | пред 4 дена

media-libraryhsqfff6d04cm8geHM4n

700 грама хашиш откриени во поштенска пратка од Шпанија наменета за тетовец

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања