Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Македонски државјанин уапсен во Загреб: 15-годишно девојче пријавило сексуално злоставување во авион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
Hrvatska-policija-620x350

Уапсен е 66-годишен македонски државјанин на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб веднаш по слетувањето, откако 15-годишно девојче кое патувало само пријавило дека се плаши од патникот што седел до неа.

— реклама —

Според хрватските медиуми, инцидентот бил пријавен додека авионот бил во лет. Малолетничката ѝ се обратила на стјуардеса и преку порака на телефонот побарала помош, наведувајќи дека се чувствува загрозено од 66-годишниот патник.

Членката на кабинскиот екипаж веднаш реагирала и, под изговор дека ќе ѝ покаже на девојката каде се наоѓа тоалетот, ја одвела во пилотската кабина, со што ја оддалечила од осомничениот.

— реклама —

Во пријавата, според наводите на медиумите, девојчето кажало дека мажот наводно почнал да ја допира по интимните делови од телото за време на подготовките за полетување, тврдејќи дека ѝ помага да го врзе сигурносниот појас.

— реклама —

За случајот бил информиран и останатиот дел од екипажот, кој ја известил контролата на летање. По слетувањето во Загреб, полицијата го пречекала 66-годишникот и го лишила од слобода, со што било спречено неговото понатамошно патување.

По спроведената истрага, осомничениот бил предаден на надлежното Општинско државно обвинителство, а потоа бил изведен пред суд. Судот му одредил притвор во затворот во Реметинец.

Станува збор за сомнение за сексуално злоставување, а за вината на осомничениот ќе одлучува судот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn1rmsm11nfn8dXvEi5G

„Мажите ми го плаќаа кокаинот за да бидат во мое друштво“ – потресна исповед на поранешната пејачка

Сцена | пред 19 часа

— реклама —
media-library9dk9tqncu150fQrRGvs

„Слатка“ заплена на границата меѓу Хрватска и Србија: возач на камион скрил 400 тегли Нутела

Балкан | пред 1 ден

srbija-protesti

Хрватска ги повика граѓаните да ги одложат непотребните патувања во Србија пред изборите

Балкан | пред 2 дена

marihuana2

Хрват го фатил синот како пуши марихуана, па му удрил шлаканица – судот го казни со 500 евра

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања