Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Македонски и турски војници херои во БиХ: Извлекле две лица од потопено возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library6cfks07l4u637TSC6de

Патрола на силите на Европската Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), составена од припадници на армиите на Македонија и Турција, вчера попладне спасила две лица од возило што излетало од патот Грачаница-Тузла.

— реклама —

Како што соопштува ЕУФОР БиХ, несреќата се случила околу 14 часот, кога возило „фолксваген голф“ изгубило контрола меѓу 24-от и 25-от километар од патниот правец, излетало од коловозот и удрило во дрвја во близина на провалија. Возилото завршило во дијагонална положба, а двете лица во него останале делумно потопени во вода.

— реклама —

„Припадниците на патролата на ЕУФОР брзо реагираа на местото на настанот. Двете лица се обидуваа да се извлечат од пропустот, стравувајќи дека возилото може дополнително да пролизга или да се преврти. Група цивили, исто така, реагираше, обидувајќи се да го стабилизира возилото, држејќи го за тркалата за да спречи натамошно движење“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Поради можни повреди, особено кај жената за која постоело сомнение за скршеници, спасувачкиот тим постапувал внимателно. Со користење скала како импровизирана носилка, жената била обезбедена и извлечена од пропустот, со цел да се избегнат дополнителни повреди.

— реклама —

Од ЕУФОР посочуваат дека остануваат посветени на безбедноста на сите граѓани на патиштата и ја поздравуваат брзата реакција и тимската работа на припадниците ангажирани во спасувачката операција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Инфлацијата во октомври изнесува 3,3 проценти, месечниот раст на цените е 0,4 отсто

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
1-5

Петти состанок годинава, повторно без резултати: Бугарија и Македонија без договор за заедничко одбележување на годишнината од смртта на Даме Груев

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Нов судир на ставови меѓу Скопје и Софија: Бугарија не прифаќа посредник и бара уставни измени, а Македонија гаранции од ЕУ

Македонија | пред 6 дена

EU-1

Македонија и уште пет земји од Западен Балкан се приближуваат до укинување на роамингот со ЕУ

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања