„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонски концепт: Нудиме проект за Проверка на имотната состојба на политичарите и Закон за финансиска лустрација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Stevo-Naskovski_2

Проверка на имотната состојба на политичарите и Закон за финансиска лустрација, се двата проекти што Македонски концепт ги нуди за надминување на длабоката поделба меѓу богати и сиромашни граѓани. Спроведувањето на овие два проекти е со цел да завладее правото и во нашата држава, секој да се соочи со последиците од своите дела и да се стави крај на празните ветувања.

— реклама —

Не е нормална ваквата поделба во државата, не е нормално да гледаме како политичарите се богатат а ние сме тивки набљудувачи на нивната алчност. И да знаеме дека сето тоа е спечалено на наш грб. Време е да ја вратиме нормалноста во нашата држава.

“Премногу долго сме заложници на празните ветувања на политичарите, и левите и десните, а притоа тие се богатат. Веќе триесет години во оваа држава ниту еден политичар не одговара за своите постапки. Имаме корупција во државата, но дали вистински се бориме против неа. Не, сето тоа е само декларативно. Затоа Македонски концепт ќе се залага за носење Закон за финансиска лустрација. Да се лустрираат оние граѓани кои се стекнало со големо богатство од 1990 до денес. Овој закон ќе побара докази како е стекнато богатството. Доколку не се докаже потеклото, имотот ќе подлежи на данок што е 50 проценти од вредноста на имотот. Ако не се исплати данокот, да се конфискува соодветен дел од имотот. Парите собрани од оваа финансиска лустрација да се наменат за проектот за обештетување на граѓаните. Само на тој начин ќе постигнеме фер амбиент и ќе докажеме на дело дека сакаме да се бориме против криминалот и корупцијата”, истакна Стево Насковски,носител на листата на кандидати за пратеници за ИЕ 5.

— реклама —

Нема правда за обичниот граѓанин на сметка на избегнувањето на законот посебно од страна на политичарите. Правдата мора да биде за сите иста и еднаква. Време е секој да го докаже потеклото на своето богатство, а политичарите се први. Затоа Македонски концепт има проект за проверка на имотот на сите политичари со потекло на имот и со систем за следење на нивните сметки. Суштината на овој концепт е потекло на имотот уште додека се кандидираат кандидатите за пратеници или за државни функционери.

“Да се биде политичар е поврзано со интегритетот, но којшто граѓаните треба да му веруваат и да му дадат моќ да делува во нивно име. Ние немаме ништо против богати граѓани кои се занимаваат со политика, но потребно е на чесен начин да се стекнале со своето богатство. Ако некој не се стекнал со својот имот на чесен начин, не треба да биде истакната политичка личност во која што граѓаните ќе имаат доверба. И затоа еден од врвните приоритети треба да биде безусловно носење Закон за заплена на имот доколку не се докаже од каде и како е стекнат, како и заплена на имотот на функционери коишто не можат да го докажат неговото потекло”, вели Насковски.

Нашата реалност е длабоко поделена во секоја смисла, но најголем е јазот меѓу сиромашни и богати, обесправени и оние што се недопирливи од раката на правдата.

“Одговорноста на политичарите е голема, и затоа нивните ветувања треба да се реализираат.  Се изнаслушавме само ветувања и декларативни изјави. Доста се празни ветувања, затоа, секој политичар да одговара за неспроведување на ветувањата од изборната кампања. Што ли не се изнаслушавме изминатите децении, а реализација нула. Доста беше голи ветувања без реализација. Ние сакаме на граѓаните да им обезбедиме нормална држава, држава во која ќе се живее слободно, спокојно и солидарно”, потенцираше Насковски.

За воспоставување нормална држава! За апсолутно владеење на правото! За реална благосостојба на граѓаните реализирана преку поддршка и имплементација на проектите врз коишто се базира платформата на Македонски концепт.

Доволно беше страдање на македонските граѓани, потребно е да има благосостојба, достоинствен живот, народот треба да расне и да се развива, потребно е да ја изградиме Македонија да биде држава на сите, каде секој ќе има шанса за достоинствен живот.

фото: Македонски концепт

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

lulieta

Лулјета Ајрулаи: „Македонски Концепт“ преку своите проекти нуди реални и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, еве што предлагаме…

пред 5 години

mak-koncept

(ВИДЕО) Со јавни работи за земја без отпад – чистење на каналите и управување со отпадот

Актуелно | пред 5 години

todor

(ВИДЕО) Иваноски: Еве зошто да гласате за бр. 10 за Македонски концепт“

Актуелно | пред 5 години

boskoski

Целта на Македонски концепт е Закон за пратеници волонтери со кој пратениците нема да се богатат и ќе работат за граѓаните

Актуелно | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања