„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонски концепт: ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска користеше деца за нанесување штета на нашиот караван во Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koncept-4

Остро го осудуваме обидот од извесни политички субјекти да ја оцрнат кампањата на Македонски концепт со копирање на нашите симболи и инволвирање на деца во промотивни политички цели. Уште полошо во овој случај се искористени деца за водење црна, неетичка политичка кампања со цел дискредитирање и оцрнување на противникот, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.

— реклама —

Денеска откако карванот на Македонски концепт беше во Струмица и оствари средба со граѓаните на Струмица, од извесен политички опонент, за кој имаме индикации дека станува збор за ОК на ВМРО ДПМНЕ, беа употребени и инструирани малолетни деца кои беа облечени во маички со симболите на Македонски концепт и беа испратени низ градот да делат промотивни материјали.

Македонски концепт целосно се оградува од овој потег и остро го осудува овој обид за фалсификат и злоупотреба на деца. Со овој крајно низок чекор неетичноста во политичката кампања ги преминува сите граници.

— реклама —

Изборниот тим на Македонски концепт бара од ДИК, ОЈО и МВР итно да постапат и да ги откријат сторителите. За овој настан ќе ја информираме Детската амбасада Меѓаши, ОБСЕ и Хелсиншки комитет!

Македонски концепт е платформа која се залага за слобода, спокој и солидарност меѓу сите граѓани на државата и притоа се придржува кон етичките и хумани вредности. Ваквата политичка кампања се коси со сите принципи на Македонски концепт, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

lulieta

Лулјета Ајрулаи: „Македонски Концепт“ преку своите проекти нуди реални и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, еве што предлагаме…

пред 5 години

mak-koncept

(ВИДЕО) Со јавни работи за земја без отпад – чистење на каналите и управување со отпадот

Актуелно | пред 5 години

todor

(ВИДЕО) Иваноски: Еве зошто да гласате за бр. 10 за Македонски концепт“

Актуелно | пред 5 години

boskoski

Целта на Македонски концепт е Закон за пратеници волонтери со кој пратениците нема да се богатат и ќе работат за граѓаните

Актуелно | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања