Македонскиот бокс е завиен во црно по трагичната вест за смртта на младиот боксер Еди Насуфи, кој загина во сообраќајна несреќа во изминатите денови. Тој имаше само 19 години.
Насуфи беше редовен репрезентативец на Македонија во повеќе возрасни категории и важеше за еден од најголемите таленти на македонскиот младински бокс. Своите спортски вештини ги развиваше во струшкиот клуб „Синди“, каде остави силен впечаток со својот талент и посветеност.
Големата загуба ја потврдија и бројни спортски колективи, меѓу кои и македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум, кој преку соопштение изрази искрено сочувство до семејството на младиот спортист.
Еди Насуфи е роден во струшкото село Велешта. Неговиот предвремено прекинат живот остави длабока трага кај спортската јавност и кај сите кои го познаваа како млад боксер со огромен потенцијал и светла иднина пред себе.