Македонскиот филм „Силјан“ застана чекор пред оскаровската трка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-libraryt13iusqp4nqo3Ewghp7
FB

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска не се најде меѓу 15-те филмови кои продолжуваат во финалната трка за Оскар, иако важеше за сериозен кандидат според филмските кругови и претходните предвидувања. Американската академија за филмска уметност и наука ја објави листата на потесен избор, со што официјално беше затворена оваа фаза од изборниот процес за 98. доделување на Оскарите.

— реклама —

Финалните номинации ќе бидат објавени на 22 јануари 2026 година, а годинава конкуренцијата во категоријата документарен филм беше исклучително силна, со вкупно 201 квалификувано остварување. Во потесниот избор влегоа само 15 документарци, меѓу кои не се најде македонскиот филм.

„Среќна сум поради тоа што една македонска приказна одекна во светот и поради поддршката што ја добиваме јас и филмот од целата нација. ‘Силјан’ станува значаен и гласен, а тоа е најдлабоката поента на едно филмско дело“, изјави Тамара Котевска по објавувањето на резултатите.

— реклама —

„Приказната за Силјан“ беше квалификувана во две категории – најдобар странски филм и најдобар документарен филм, при што во конкуренцијата за најдобар странски филм учествуваа 86 земји. Филмот претходно го откупи „Нешнал географик“ и зад себе има богата фестивалска кариера, со бројни награди и номинации на реномирани меѓународни фестивали.

Македонската кампања за Оскарите во категоријата најдобар странски филм беше поддржана од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, а филмот и натаму продолжува да се прикажува во кино салите, живеејќи го својот интернационален пат и по завршувањето на оскаровската селекција.

Иако не стигна до финалниот круг, „Приказната за Силјан“ останува едно од најзначајните македонски филмски остварувања во последните години, кое успеа да ја постави Македонија високо на мапата на светската документаристика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqqrsptvd76ke09CWzlw

„Приказната за Сиљан“ од февруари во Кинотека на Македонија

Магазин | пред 4 дена

media-librarymjq1mhl2uimu9hMevK0

Од Њујорк и Лондон до Скопје: „Приказната за Силјан“ конечно пред домашната публика

Магазин | пред 3 седмици

media-libraryrusapq74tb7v2PF3VPG

„Силјан“ триумфираше во Лос Анџелес: голема победа за Тамара Котевска, уште поголеми се шансите да биде номиниран за оскар!

Магазин | пред 1 месец

media-libraryt13iusqp4nqo3Ewghp7

Документарецот „Приказната за Силјан“ ќе биде прикажан на National Geographic Documentary Films

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања