„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонските граѓани наскоро полесно до дигитален здравствен сертификат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovid-pasos

Oд Министерството за здравство соопштија дека мрежата CommonTrust и Светски економски форум, во рамки на проектот „The Commons Project“ ja создале апликацијата CommonPass, со цел воспоставување на интероперабилна платформа за заемно признавање на вакциналните потврди и лабораториските тестови за Ковид-19 меѓу државите.

— реклама —

Министерството за здравство се приклучува кон мрежата и, како што појаснуваат од оваа институција, со овој чекор, на македонските граѓани ќе им се зголемат можностите за добивање на дигитален здравствен сертификат во согласност со глобалниот стандард Smart Health Card.

„Тоа за граѓаните ќе значи дека тие ќе може да го документираат Ковид-19 статусот со цел да може да патуваат во други земји и да одговорат на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја нивната приватност. Со CommonPass на едноставен начин може да ги преземат резултатите од направениот Ковид-19 тест и вакцинална потврда, и да го покажат здравствениот статус на влез во друга држава без да откриваат други лични здравствени информации“, информираат од здравство.

— реклама —

За таа цел, во знак на поддршка, Министерството за здравство ќе ги информира сите релевантни структури кои се директно или индиректно инволвирани во областа (Институт за јавно здравје и сертифицирани државни и приватни лаборатории) за намената на оваа апликација и можностите кои таа ги нуди, додаваат од таму.

„Министерството за здравство ги охрабрува сите заинтересирани институции, установи и лаборатории, директно да контактираат со мрежата CommonTrust со цел приклучување на базата на акредитирани и сертифицирани установи – партнери на CommonPass кои ќе можат да издаваат потврди од тестови со QR код, кој потоа граѓаните ќе го скенираат во своите мобилни телефони со цел креирање на дигитална потврда. На овој начин, установите и лабораториите ќе можат за корисниците на апликацијата да издадат потврди кои ќе бидат признаени како вистински, релевантни и доверливи на интернационално ниво“, потенцират од МЗ.

„Со воведувањето на ваква апликација, на македонските граѓани им се овозможува флексибилност во изборот на провајдерот и начинот на кој ќе добијат бесплатна дигитална потврда за нивниот статус на имунизација и за резултатите од направените  тестови за Ковид-19. Сите заинтересирани кои сакаат да се вклучат во мрежата на CommonTrust ќе имаат техничка и административна поддршка на апликацијата на македонскиот пазар. Започната е комуникацијата со акредитирани установи кои се заинтересирани да се приклучат кон оваа иницијатива“, велат од ресорното министерство.

Од таму, ги упатуваат сите заинтересирани граѓани да прочитаат повеќе информации за самата апликација на страницата на commonpass.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања