„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Македонското „Чудо од дете“ со поддршка за Стоилов: Јас сум со тебе и мене ќе ми викаат дека сум нестабилен!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vodenski-1

Кристијан Воденски, е македонскиот млад и талентиран 12-годишен борач кој живее во Франкфурт, Германија беше номиниран за наградата „Чудо од дете“ во боречките спортови во земјата, објави јавно.мк.

— реклама —

Имено Воденски (роден 27. Септември 2005 год.), поседува неверојатен талент за боречки вештини, а има добиено повеќе награди во различни боречки категории.

— реклама —

Тој сега даде поддршка за својот колега спортиста Стојанче Стоилов кој демонстративно го напушти доделувањето настанот на кој се избира спортист на годината, бидејќи за прв пат настанот беше двојазичен.

-Јас сум со тебе, напиша Кристијан Воденски од својот Фејсбук профил.

Во друг свој пост пак Воденски имајќи ја во предвид изјавата на советникот за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, кој го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен,иронично напиша:

-И мене ќе ми викаат дека сум нестабилен.

Воденски Теквондо тренира од својата петта година, а сега тренира и кик-бокс, бразилско џиу џицу и борење. Кристијан живее и тренира во Германија, а неговото потекло е од Македонија, неговиот татко Ванчо Воденски е од беровско Русиново, а мајка му од Струмица.

Иако многу германски тренери се заинтересирани за талентираниот Кристијан, сепак најголемата поддршка ја добива од својот татко кој што е каратист а воедно и негов личен тренер.

Неговиот сон е да се стане светски шампион во УФЦ натпреварувањата. Како што пренесува на својата официјална Фејсбук страница, Кристијан одлучи сите негови настапи во класично борење да бидат под знамето на нашата земја, Македонија.

„Германската Кикбокс федерација ми понуди да се борам за нив, јас и мојот татко одлучивме дека нема да се борам за Германија, наместо тоа ќе чекам да наполнам 10 години и ќе чекам да настапувам само за Македонија. Исто така решивме дека моите национални настапи во класично борење (слободен стил и грчко римски стил) и бразилско џиу џицу ќе бидат под знамето на Република Македонија“ – Поздрав Кристијан Воденски.

извор: Јавно.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања