Максим води во Куманово иако ќе има втор круг, СДСМ има најмногу советници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
maksim-dimitrievski-03-696x465

Максим Димитриевски како независен кандоидат на За наше Куманово освои 32,82 отсто од излезените гласачи, Оливер Илиевски - 32,71 %, Тони Михајловски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ - 8.567 или 18,56 %, Беким Салиу од Алијанса за Албанците - 4.254 гласа или 9.21 % и Теодора Димитровска 1.026 гласа или 2,22 %.

— реклама —

Битката за советници во Советот на Општина Куманово заврши. Граѓаните на Куманово гласаа за 13 советнички листи за 33 советника. Според ДИК најголем број на гласови освои листата на СДСМ со 11.688 гласа или 25,32%, потоа независната листа на Ивана Ѓорѓиевска - 10.258 или 22,22% и трета е ВМРО-ДПМНЕ со 8.794 или 19.05%. Потоа следуваат ДУИ - 5.054 или 10.95%, АА/А - 2.553 - 5.53%, Левица -2.200 - 4,38%, Беса -1.231 - 2,67%, ЛДП-ДОМ со 1012 или 2,19%, ГИ-Сузана Ѓорѓевиќ - 692 - 1.50%, ГИ-Милош Стаменковиќ- 577 - 1.25%, Интегра -197 или 0,43%, ЕМ- 190 или 0,41% и ДПА- 299-0,65%.

— реклама —

За освојување на едно советничко место потребни се околу 1.200 гласа.

— реклама —

Распоредот на силите во новиот Совет ќе биде 10 за СДСМ, 8 независна листа „За наше Куманово“, ВМРО-ДПМНЕ - 7, ДУИ - 4 , АА/А -2 и Левица и Беса по 1 советник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања