Промени тема
Контакт

Мал авион се урна во Австрија, има загинати и тешко повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryl69l28rdkaop08ebhsX

Две лица загинаа, а две се тешко повредени при пад на мал авион во Австрија, соопштија локалните служби за итни интервенции.

Несреќата се случила во близина на местото Гаминг, во покраината Долна Австрија. Според полицијата, во авионот се наоѓале вкупно четири лица.

— реклама —

Во несреќата загинал еден маж и уште едно лице, чиј идентитет сè уште не е утврден. Друг маж и една жена се здобиле со тешки повреди и со хеликоптер биле пренесени во болница.

Авионот се урнал на тешко пристапен терен, а засега нема информации за рутата на летот ниту за причините што довеле до несреќата.

— реклама —

Надлежните органи спроведуваат истрага за утврдување на околностите под кои се случила авионската несреќа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања