„Денес се радуваме на една храбра принцеза, херојка која им кажа збогум на хемотерапиите. Ѓургица силно удри на ѕвончето за чао, за сите да ја слушнат нејзината победа“, напишаа од здружението САНО на Фејсбук, споделувајќи уште една прекрасна вест за храбро дете кое ја победи тешката болест.
Таа пред неколку месеци посака за роденден да добие перика, а сега веќе си оди дома.