Малку кој веруваше дека ќе имаме двоцифрена инфлација, вредноста на 30.000 денари сега и пред една година не е иста, порача опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski-45312

„Малку кој веруваше дека ќе имаме двоцифрена инфлација која е една од највисоките во регионот. Малку кој веруваше дека за една година цените на основните животни потреби на граѓаните ќе се зголемат од 30 до 100%“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на видео обраќањето на Димитар Ковачевски.

— реклама —

Тие додаваат:

„Цената на струјата е покачена за 30%, цената на горивата е покачена за 80%, цените на лебот и брашното се покачени за 100%, шеќерот за 40%, млекото за 50% , маслото за јадење е двојно поскапо итн.

— реклама —

Стандардот на граѓаните е уништен. Платите ја изгубија својата вредност. Прашањето кое треба да си го постават во владата е колкава вредност имаат 30 илјади денари сега, а колку имале пред една година.

Ковачевски треба наместо со евтини пи-ар трикови и снимени обраќања, да се симне меѓу народот и да ја види растечката сиромаштија.

Над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Над половина милион граѓани живеат со 150 денари дневно, а власта во исто време предвидува стотици милиони евра за непродуктивни трошоци како набавки на мебел, службени возила, цвеќиња, кафиња, жардињери, плаќа криминални физибилити студии и испумпува пари во партиски фирми преку матни тендери.

Криминалот, неодговорноста и неспособноста на оваа власт на СДСМ и ДУИ народот скапо ја плаќа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања