„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Малолетна Србинка силувана и крвнички убиена од мигрант

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
ubistvo-srbinka

Германските медиуми открија нови детали од најновото брутално убиство на малолетна девојка од страна на мигрант. 17-годишната Елма Ц. имала српско потекло и била убиена во бегалски камп во градот Санкт Аугустин во близина на Бон на западот на Германија.

— реклама —

19-годишниот Кениец, Брајан С. го признал злосторството и открил дека ја убил девојката после расправа. Истрагата утврдила дека несреќната девојка најпрвин била силувана, а потоа и претепана до смрт.

Мртвото тело на Елма било чувано два дена во соба во бегалскиот центар.

— реклама —

Родителите на девојката го пријавиле нејзиното исчезнување во петокот. Таа на родителите им рекла дека ќе оди во Бон да се сретне со некоја пријателка. Меѓутоа, според полицискиот извештај, таа заминала да се види со обвинетиот. Откако била пронајдена кеса со нејзината облека и документи, германската полиција организираше опсежна истрага и потрага по тинејџерката.

Елма наводно го запознала осомничениот во кафетерија неколку седмици порано и наводно биле во врска. Полицијата со помош на заедничките фотографии на Фејсбук ја поврзале жртвата и Брајан, па така набрзо го разрешиле мистериозното исчезнување на Србинката.

Уапсениот Кениец имал германско државјанство, а поседувал и документи од својата земја. Тој чекал да му доделат стан и најчесто престојувал кај својата сестра во Бон, соопштија од полицијата.

Брајан од претходно ѝ бил познат на полицијата затоа што во неколку наврати бил приведуван поради кражби, ширење на порнографија и сексуално злоставување на дете.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања